Џенаро Гатузо го договорил својот нов ангажман, според последните информации, легендарниот Италијанец денес треба да пристигне во Марсеј и да потпише договор со францускиот гигант.
Гатузо ги договорил сите детали со Марсеј и останува само потписот и официјалната промоција.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Пред неколку недели Гатузо се најавуваше како можен нов тренер на Лион откако си замина Лорен Блан, но на крајот таа позиција му припадна на Фабио Гросо.
Покрај Гатузо, како можен нов тренер на Марсеј се споменуваа и имињата на екс-тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие и Игор Тудор, но изборот на крајот паднал на темпераментниот Италијанец.
Ќе потсетиме, местото тренер во Марсеј е празно откако Марселињо по краткиот престој од неколку месеци си замина од клубот. Причината за неговото заминување беше заканите кои ги добивал тој и неговото семејство по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите.