Екипата на Рајн Некар синоќа го загуби натпреварот од 14.то последно коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите од ПИК Сегед со 30:24 на домашен терен. По овој резултат македонскиот првак Вардар е прв на табелата и е сигурен четвртфиналист.
Поради триумфот на Сегед, Вардар и да загуби во последното коло, нема да има промени на табелата. Но, секако триумфот пред домашната публика е императив, поради поразот кај Мешков Брест минатото коло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствено Киелце е со натпревар помалку и има шанса да стигне до ист број на бодови со Вардар, дотолку „црвено-црните“ загубат од Кристијанштад. Во тој случај, повторно Вардар ќе остане на првото место, бидејќи имаат подобра меѓусебна статистика со Киелце (40:34 во Скопје, 27:24 на гостувањето во Киелце).
Последниот натпревар на Вардар против Кристијанштад од групната фаза во ЛЕ се игра на 12-ти март.