Дома Топ вести ГОТОВО: Барселона ангажираше засилување во одбраната!

ГОТОВО: Барселона ангажираше засилување во одбраната!

Актуелниот шампион на Шпанија го ангажираше првото засилување за продолжување од сезоната.

Поради големите проблеми во одбраната, Барселона беше во интезивна потрага по засилување на трансфер пазарот. Каталонците покажуваа интерес за Кристенсен од Челзи, но после негативниот одговор од „сините“ се насочија кон Валенсија.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Така Валверде од јануари на располагање ќе го има колумбискиот репрезентативец Џејсон Мурило.

Поранешниот дефанзивец на Интер пристигнува од Валенсија на позајмица до крајот на сезоната.

Мурило веќе ги напуштил редовите на Валенсија и не се појавил на денешниот тренинг, а веќе утре би требало да ги помине лекарските прегледи.

Јасно е дека ова е само привремено решение до летниот преоден рок кога Барселона ќе мора да се засилува во последната линија.

https://www.youtube.com/watch?v=NpQKH8HTsPM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…