Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев е пред трансфер во Кина.
Пандев наскоро заминува на финални преговори во Италија со тимот Жиангсу Сунинг. Како главен иницијатор за овој трасфер се наведува големиот Фабио Капело кој неодамна седна на клупата на кинескиот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според најавите и лекарските прегледи би требало да бидaт направени во Италија. Струмичанецот доби понуда од 5.5 милиони евра, а јасно е дека никаде во Европа во овој момент не би добил финансиски толку добра понуда.