Германецот и голман на ПСЖ, Трап разговар за „Билд“ зборуваше за шпекулациите околу Нејмар, но и пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Бразил.
Нејмар пристигна на „Паркот на принцовите“ во рекорден трансфер за 222 милиони евра, но секој ден се појавуваат гласини според кои Бразилецот се поврзува со заминување од Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трап не знае што ќе биде со Нејмар, но тој сака да остане во Париз.
„Еден ден е во Реал Мадрид, друг ден се враќа во Барселона. Не знам зошто е тоа така, но секој ден се појавува нешто ново поврзано со Нејмар. Се што можам да кажам е дека јас не знам што ќе се случи. Ние не сме оптеретени со тоа, мило ми е што е со нас и се надевам дека уште долго ќе играме заедно“, изјави Трап за „Билд“.