Дома Фудбал Останато Голманот на ПСЖ за гласините со Нејмар: Еден ден е во Реал, а друг во Барселона…

Голманот на ПСЖ за гласините со Нејмар: Еден ден е во Реал, а друг во Барселона…

Германецот и голман на ПСЖ, Трап разговар за „Билд“ зборуваше за шпекулациите околу Нејмар, но и пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Бразил.

Нејмар пристигна на „Паркот на принцовите“ во рекорден трансфер за 222 милиони евра, но секој ден се појавуваат гласини според кои Бразилецот се поврзува со заминување од Париз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трап не знае што ќе биде со Нејмар, но тој сака да остане во Париз.

„Еден ден е во Реал Мадрид, друг ден се враќа во Барселона. Не знам зошто е тоа така, но секој ден се појавува нешто ново поврзано со Нејмар. Се што можам да кажам е дека јас не знам што ќе се случи. Ние не сме оптеретени со тоа, мило ми е што е со нас и се надевам дека уште долго ќе играме заедно“, изјави Трап за „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалски бисер кој го посакува половина Европа: Го нарекуваат новиот Педри, а еве колку чини

Кес Смит (роден 2006 година во Хеилоу) го проживува највозбудливиот период во својата кари…