Тимот на ГФК Охрид Лихнидос вчера прослави еден навистина голем јубилеј – 100 години постоење.
Како што објавија од клубот прославата е одложена поради актуелната ситуација со ковид пандемијата, но во првиот момент кога ќе биде можно такво нешто ќе се одбележи големиот јубилеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„100 години фудбал во Охрид, 100 години ФК Охрид!!! Денеска (19 април), пред точно 100 години, во Охрид, се формирал првиот фудбалски клуб, кој го одиграл првиот официјален натпревар со „бубамарата“. Церемонијата и одбележувањето на 100-годишниот јубилеј е одложена, поради рестриктивните мерки и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот. Првиот момент, кога ќе се создадат услови, веднаш, клубот заедно со сите фудбалски работници, навивачи и охриѓани, пригодно ќе го одбележи големиот јубилеј. Среќна годишнина на фудбалот и ФК Охрид, со желба за уште поголеми јубилејии и успеси, во годините што следуваат“, стои во клупското соопштение.