Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, поради повреда на рамото ќе мора да оди на операција, поради што ќе отсуствува од тимот најмалку три месеци, пренесуваат шпанските медиуми.
Словенецот се повреди на натпреварот во понеделникот против Виљареал, во финишот на полувремето, кога со лоша интервенција му овозможи на Дос Сантос да го постигне вториот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Облак оваа сезона во Примера остана несовладан на седум од 15-те натпревари, според прогнозите тој поради повредата ќе ги пропушти осминафиналните натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Инаку, Атлетико во првенството победи на само две од последните седум средби поради што на табелата се наоѓа на шестото место со дури 12 бодови помалку од лидерот Реал.
Поради тоа ова е многу лоша вест за Чоло Симеоне, бидејќи Облак беше една од најсветлоте точки во неговиот тим.