Mинесота се согласи на трејд, а во целата приказна е вклучен и играч од овие простори.
Џими Батлер уште пред почетокот на сезоната бараше трејд од управата на Минесота, понуди пристигнуваа, но неговиот тим ги одбиваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Сикерси успеаа да ги убедата, па така Џими Батлер се сели во Филаделфија!
Имено, како што пренесуваат медиумите во САД, Батлер заедно со Џастин Петом оди во Филаделфија, а во спротивен правец тргнуваат Роберто Ковингтон Хрватот Дарио Шариќ, како и искусниот Џеред Бејлис, но и пик од втората рунда на некој од наредните драфтови.
Сиксери така направија пеколна петорка, додека Минесота доби проверешен шутер и добар дефанзивец во Ковингтон и уште една квалитетна опција на позицијата крилен центар во ликот на Шариќ.