Дома Топ вести ГОЛЕМ ДЕН ЗА „КРАЛЕВИТЕ“: Зидан останува на клупата, пречкрта седум играчи, но НЕ и оној кој ги налути навивачите

ГОЛЕМ ДЕН ЗА „КРАЛЕВИТЕ“: Зидан останува на клупата, пречкрта седум играчи, но НЕ и оној кој ги налути навивачите

Зинедин Зидан и следната сезона ќе го води Реал, без оглед на тоа како овој тим ќе ја заврши сезоната.

Флорентино Перез смета дека францускиот стратег заслужува шанса, особено бидејќи на „Кралевите“ им донесе две титули во Лигата на Шампиони. Зидан според тврдењата на шпанските медиуми веќе има направено планови за следната сезона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Don Balon“ тврди дека на претсетаделот Перез му ја предал листата на играчите на кои повеќе не смета. Тоа се играчите кои ретко добиваа шанса оваа сезона: Маркос Љоренте, Мајорал, Ахраф и Себаљос. Исто така, Зидан не би имал ништо против од заминување на Навас, Бејл, но и на Ковачиќ, и доколку пристигнат понуди за овие играчи тие ќе го напуштат Мадрид.

Интересно е тоа што Французинот не сака да го продаде својот сонародник, Бензема кој често во шега го нарекуваат „вонбрачниот син на Перез“. Поранешниот напаѓач на Лион не игра добро оваа сезона, но ужива во максималната доверба на својот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …