Раководството на Реал Мадрид одлучило да донира сума од еден милион евра која ќе биде искористена за настраданите во големите поплави кои ја зафатија Шпанија.
„Кралевите“ токму против Валенсија требаше да играат викендов на „Местаља“, но тој натпревар беше одложен, додека во градот е прогласена и тридневна жалост.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на гигантот од Мадрид објави дека е издвоена сума од еден милион евра со цел да се помогне на најпогодените од една од најголемите природни катастрофи кои се случиле во Шпанија.
Според информациите досега над 90 лица ги загубиле своите животи, но за жал бројката веројатно ќе биде поголема затоа што над 200 се водат за исчезнати.