Toтотенхем продолжи со импресивните резултати совладувајќи го Кристал Палас со 1:2, а повторно стрелец во овој натпревар беше Хеунг Мин Сон.
За Сон ова беше осми гол сезонава во Премиер лигата. Тренерот Постекоглу одлучи да не бара по секоја цена замена за Кејн и таа улога да му ја препушти на Сон. Тоа засега се покажува како одличен потег.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ретко правам споредби, но кога го гледам Сон, гледам во него многу работи што ги има и Кристијано Роналдо. Двајцата почнаа како крилни офанзивци, но поседуваат толку многу квалитет што можете да ги користите на илјада начини.
Отсекогаш сум чувствувал дека Сон има неверојатен голгетерски инстинкт, лесно ги претвора акциите во голови, знае да се движи и да влезе во шанса“, изјави Постекоглу.
Тотенхем во овој момент е лидер на табелата со 26 бода, пет повеќе од Арсенал и Манчестер Сити кои своите натпревари од 10-тото коло ги играат денес.