Лука Дончиќ полека но сигурно прераснува во голема НБА ѕвезда, за многумина веќе и е тоа.
Дончиќ е прва „виолина“ на Далас Маверикс и добива пофалби од сите страни. Тренерот на Далас, Рик Касли за својот играч има само пофални зборови и го спореди со најдобрите кошаркари во историјата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Лука може да биде како Џордан, Леброн, Коби, Лери Бирд…Таквите играчи имаат неверојатен фокус и тешко е некој да ги разбере. Сфатив дека како што натпреварот одминува нивниот фокус да направат нешто станува поголем. Не е важно дали станува збор за асистенција или шут. Лука е посебен играч, најфокусиран е кога е најпотребно“, изјави Карлси.
Во последниот натпревар на Далас против Бостон Дончиќ постигна 31 поен, додаде и уште 10 скоквои и осум асистенции.