Такефуса Кубо направи големо изненадување кога ја напушти академијата на Барселона летото 2015 година и се врати во Токио, а потоа заврши во Реал Мадрид.
19-годишниот играч пристигна во Реал Мадрид пред една година, па оваа сезона игра на позајмица во Мајорка.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Кубо веднаш го покажа својот потенцијал, па Реал Мадрид сака следната сезона да игра во многу поголем клуб каде ќе има поголеми одговорности.
„Кадена Сер“ пренесува дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис и најверојатно талентот следната сезона ќе игра на „Сан Сиро“.
Кубо е мета на ПСЖ и уште неколку европски гиганти, но Реал преферира да го пушти во Милан. „Росонерите“ ќе имаат можност да го откупат на крајот на сезоната, но „кралевите“ ќе имаат бај-бек клаузула во договорот.