Такефусо Кубо е испратен на нова позајмица и тоа повторно во Мајорка.
Младиот фудбалер на Реал Мадрид повторно ќе мора да собира искуство и тоа во истиот тим со кој пред две години испадна во втората лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Мајорка експресно се врати во елитата и сега повторно ќе соработуваат со Кубо.
Во меѓувреме минатата сезона Кубо прво беше во Виљареал, но кога не доби минутажа од Унаи Емери „кралевите“ го испратија во Гетафе каде што добро се покажа.
Ова лето го сакаше Реал Сосиедад, меѓутоа Мајорка беше посериозна, а и Кубо сакаше да оди во добро познато опкружување.
Ќе потсетиме, во Мајорка Кубо ќе ја дели соблекувалната со Александар Трајковски, секако ако македонскиот напаѓач не ја промени средината до крајот на летото.