Еден од големите таленти на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомес може да го напушти клубот до 1 јули како слободен агент бидејќи неговиот договор истекува утре.
Ова сценарио изгледа се поверојатно откако денес Солскјер призна дека двете страни не постигнале договор за продолжување на соработката, па офанзивниот фудбалер ќе го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се слушнав со Гомес ова утро, па изгледа дека не успеале да најдат согласнот за продолжување на договорот. Неговиот договор истекува утре – да“, потврди Солскјер.
Гомес оваа сезона запиша шест настапи за првиот тим и сака да ја промени средината, а Челзи покажува најсилен интерес за неговиот потпис.