Легендарниот капитен на Челзи би можел кариерата да ја продолжи во Чемпионшип.
Како што пренесува „Скај Спорт“ повикувајќи се на доверливи извори, Џон Тери, на големо преговара со Астон Вила.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Наводно Тери изминатиот викенд бил во друштво на менаџерот на Вила, Стив Брус, каде што преговарале за можна соработка.
Вила планира голем проект и враќање во Премиер лигата, а Тери е заинтересиран да им помогне, пишува „Скај“.
Шампионот на Европа од 1982 и седумкратниот шампион на Англија, нема намера и понатаму да се натпреварува во Чемпионшип, а Тери би требало да им помогне во тоа наредната сезона.
Иначе, Тери имаше неколку понуди од Премиер лигата, пред се од Бурнемоут, но за сега сеуште немало конкретни преговори.