Кливленд и Јута вечерва направија голема размена.
Нов играч на Кливленд е феноменалниот бек Донован Мичел, а кон Солт Лејк Сити ќе тргнат дури три кошаркари и три пика од првата рунда на драфтот. Џез така за Мичел ги доби Колин Секстон, Лаури Марканен и Очаи Агбаи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оваа размена заврши една ера во Јута. Мичел комплетната досегашна кариера ја помина во Јута. Во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди. Сепак во текот на минатата сезона беше забележително незадоволството.
Не се сложуваше соГоберт, а се започна во текот на пандемијата кога Гоберт беше на жесток удар на јавноста.
Овој 25-годишен бек во НБА кариерта во просек имаше 24 поени по натпревар, а минатата сезона беше ја одигра со просек од скоро 26 поени.