Дома Фудбал Останато Голема акција во Португалија: Полиција во куќата на Жорге Мендеш (фото)

Голема акција во Португалија: Полиција во куќата на Жорге Мендеш (фото)

Португалската полиција изврши претрес на куќата на еден од најпознатите фудбалски менаџери, Жорге Мендеш, пренесуваат тамошните медиуми.

Има сомнение дека Мендеш затајувал данок и перел пари, па полицијата за цел на истрагата направи претрес во неговата куќа со цел да прибере докази.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто така покрај куќата на Медеш, извршен е претрес и во просториите на најпознатите клубови, Порто, Бенфика, Спортиг Лисабон, Брага… така што е одземена документација за трансфери кои се под „капата“ на познатиот агент.

Исто така претресени се и куќите на првите луѓе на клубовите, како и големите ѕвезди кои играче за овие клубови како Џексон Мартинез, Макси Переира, Икер Касиљас…

Сите се осомничени дека со фиктивни документи ги намалувале сумите кои клубовите им ги исплаќале и на тој начин избегнувале плаќање на данок за државата од неколку милиони евра.

Полициската акција продолжува, па останува да следиме колку обвиненија и против кого ќе бидат подигнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…