Дома Фудбал Англија Мурињо го напушта Јунајтед? Еве што вели Жорге Мендеш!

Мурињо го напушта Јунајтед? Еве што вели Жорге Мендеш!

Супер-агентот Жорге Мендеш кој го застапува Жозе Мурињо се огласи по повод шпекулациите дека „Специјалниот“ може да го напушти Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мендеш тврди дека Мурињо е среќен во Манчестер Јунајтед и нема никаква намера да го напушти клубот.

„Има премногу шпекулации дека Жозе Мурињо заминува од Манчестер јунајтед и сето тоа се само – невистини! Жозе е среќен во клубот и клубот е среќен со него. Тој има долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед и е целосно посветен на клубот во намерата да изгради победнички проект“, изјави Жорге Мендеш.

Меѓутоа, шпекулациите во медиумите се поврзани со тоа дека клубот е спремен да му даде отказ, а не дека Мурињо сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Денес повеќето медиуми на Островот објавија дека „црвените ѓаволи“ веќе го пронашле заменикот за Мурињо и дека ќе можат да го избркаат без обештетување доколку тимот не заврши во Топ 4 на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…