Дома Фудбал Италија Голеада на „Реџо Емилија“: Интер го победи Сасуоло во натпревар со седум гола

Голеада на „Реџо Емилија“: Интер го победи Сасуоло во натпревар со седум гола

Интер денес на „Реџо Емилија“ го совлада Сасуоло во натпревар со седум гола (4:3).

Доколку не беше оној пораз од Јувентус пред репрезентативната пауза Интер ќе имаше почеток од соништата, но навивачите секако се задоволни и од ова.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Нероаѕурите“ имаат важен натпревар во Лигата на шампионите против Борусија, но тоа не ги спречи против Сасуоло да одиграа добар натпревар. Интер играше одлично се до 70-тата минута кога водеа со 4:1, а потоа следуваше еден пад во играта.

Посебно расположен беше офанзивниот дел на тимот. Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола. По еден од игра и еден од пенал.

Головите за домаќините ги постигнаа Берарди 16-тата, Ѓуричиќ во 74-тата и Бога во 81-та.

Интер има седум победи и пораз после осум кола и со 21 бод е веднаш зад Јувентус кој има 22 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…