Денес во Серија А беше одигран еден од најефикасните натпревари во сезоната.
На средбата помеѓу Сасуоло и Сампдорија денес беа видени дури осум погодоци, а победата ја однесоа гостите со резултат 3:5.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голеадата ја отвори Дефрел после асистенцијата од фантастичниот оваа сезона Фабио Кваљарела во 15-тата минута од натпреварот. За нов гол се чекаше до 36-тата минута. Сега самиот Кваљарела се запиша во листата на стрелци и го постигна својот 21-ви гол оваа сезона и сега има два повеќе од Пјонтек и Роналдо.
Само две минути подоцна Бога намалува на 1:2, а веќе во 39-тата беше еден 1:3 погоди Линети.
На стартот од вториот дел во 46-тата минута Прает зголеми на 1:4, дваесетина минути подоцна Данкан стрела за 2:4. Петтиот гол беше дело на Маноло Гамбјадини во 72-та минута.
Конечните 3:5 ги постави Бабакар во судиското продолжение од натпреварот.
Како што кажавме ова е еден од најефикасните натпревари во сезоната. Сампдорија сега се наоѓа на деветтата позиција со 42 освоени бодови, додека Сасуоло три места подоле односно на 12-тата.
Во следното коло Сампдорија ќе игра на домашен терен против Милан кој е во одлична форма, додека Сасуоло на свој терен ќе ја пречка Болоња која се наоѓа во опасната зона.