Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт ја прекина серијата на Феникс, дербито на Лос Анџелес за Клиперси 🎥

Голден Стејт ја прекина серијата на Феникс, дербито на Лос Анџелес за Клиперси 🎥

Eкипата на Феникс беше во серија од 18 победи во низа сезонава во НБА лигата и таа серија им траеше до изминатата ноќ кога беа победени од Голден Стејт.

За Феникс тоа беше рекордна низа која се заврши со фантастичниот Стеф Кари и Вориорси. Со оваа победа Голден Стејт се вратија на врвот на табелата на Западната конференција, Кари мечот го заврши со 23 поени, пет скока и исто толку асистенции. Идентичен поентерски ефект имаше Ајтон кој беше најрасположен кај Феникс.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Лос Анџелес се играше градското дерби. На крајот подобри беа Клиперси кои ги добија Лејкерси со 119:115. Маркиф Морис со 21 поен беше најпрецизен во победничкиот тим, додека на „езерџиите“ не им помогнаа одличните Леброн и Ентони Дејвис. „Кралот“ оствари учинок од 23 поени и 11 скока, додека Дејвис имаше 27 поени и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана пејсерс – Мајами хит 104-113, Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 101-116, Атланта хокс – Филаделфија 76-ерс 96-98, Бруклин нетс – Минесота тимбервулфс 110-105, Хјустон рокетс – Орландо меџик 118-116, Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс 91-107, Јута џез – Бостон селтикс 137-130, Голден Стејт ворирос – Феникс санс 118-96, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 115-119.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…