Дома Фудбал Италија Годините не му можат ништо: Буфон и на 40 години на чекор од нов рекорд!

Годините не му можат ништо: Буфон и на 40 години на чекор од нов рекорд!

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон со полни 40 години би можел да постави нов рекорд.

Јувентус во првите три месеци оваа година не прими ниту еден лигашки погодок, а кога примаше (3:2 против Сампдорија и 3:1 против Верона минатата есен), тоа се случуваше кога Војчех Шчесни е на голот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Буфон не примил гол цели десет натпревари, 931 минути и ако ја сочува својата мрежа уште 43 минута ќе го собори сопствениот рекорд од сезоната 2015/2016 кога не прими гол 973 минути.

Тогаш гол му даде Андреа Белоти и така ја прекина неговата неверојатна низа. Секако големи заслуги за рекордите на легендарниот голман има и одбраната која ја има пред себе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кариерата на Влаховиќ повеќе нема да биде иста: Сега може да прави што сака, но се наоѓа во голем проблем

Јувентус донесе одлука. Душан Влаховиќ ќе биде исплатен и тој може да бара нов клуб. Душан…