Дома Фудбал Италија Говорот на Ибра во соблекувалната е ХИТ: Никој не веруваше во нас, сега сме шампиони 🎥

Говорот на Ибра во соблекувалната е ХИТ: Никој не веруваше во нас, сега сме шампиони 🎥

Златан Ибрахимовиќ пред две години пристигна во Милан кога клубот беше на најниско ниво, а вчера „росонерите“ после 11 години повторно станаа шампиони на Италија.

Ибрахимовиќ иако играше малку оваа сезона, сепак има големи заслуги за напредокот на тимот, пред се поради победничкиот менталитет кој го донесе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Колку е значаен Златан за тимот најдобро покажува и неговиот говор во соблекувалната вчера, кој денес Милан го објави  на социјалните мрежи.

Ибра на импресивен начин им се обрати на соиграчите, ги потсети дека никој не верувал во нив и само како тим стигнале до Скудетото.

„А сега славете како шампиони, оти Милан не е Милано, Милан е Италија“, заврши на крајот Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…