Дома Фудбал Германија Гнабри останува верен на Баерн, потпишува нов договор

Гнабри останува верен на Баерн, потпишува нов договор

Баерн Минхен и Серж Гнабри постигнаа комплетен договор за продолжување на соработката, потврдија германските медиуми.

Гнабри влезе во последната година од договорот со Баерн и неговата иднина во Минхен беше неизвесна, особено поради фактот што за него интерес покажуваат Челзи и Реал Мадрид.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, Гнабри реши да му остане верен на Баерн и после неколкумесечни преговори постигна договор со раководството на Баварците.

Германецот ќе стави потпис на договор до 2026 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

27-годишниот Гнабри веќе четири сезони е во Баерн, а претходно настапуваше за Арсенал, ВБА, Вердер Бремен и Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…