Дома Македонски спорт Мак фудбал Глигоров: Задоволен сум од играта на првата контролка

Глигоров: Задоволен сум од играта на првата контролка

Во текот на вториот дел како и најголемиот дел македонските клубови, Вардар се подготвува во Анталија.

Предвникот на црвенот-црните, Никола Глигоров е задоволен од тоа како неговиот тим се подготвува.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


“Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број на тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет”.

“Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2:0. Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски”.

“Ни остануваат уште 3 натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија”, изјави Глигоров.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тиквеш доби противник од Исланд, Шкендија од Ерменија

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш ќе игра против Брејдаблик од Исланд,…