После повеќемесечените најави вчера и официјално доби отказ во Манчестер Јунајтед.
За предвременото раскинување на договорот Жозе Мурињо неофицијално доби 25 милиони евра оштета и Португалецот веднаш започна да се поврзува со нови ангажмани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ел Мундо“ така тврди дека Реал Мадрид би можел да биде ново/старата дестинација на Мурињо кој во Мадрид работеше во периодот од 2010 до 2013 година.
Ваквите гласини стигнаа и до сегашниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, но тој не стравува премногу.
„Во јавноста секојдневно се појавуваат разни вести за Реал. Кога работите во ваков голем клуб морате да се научите да се носите со тие гласини. Јас се трудам само да ја работам својата работа најдобро што можам“, изјави Солари.
Мурињо во Реал освои три трофеи – првенство, шпанску куп и шпански Суперкуп.