Осум години, Рајан тајно се гледаше со сопругата на Родрди, а сега изгледа стигна одговорот за славниот фудбалер и тоа преку реклама.
Родри Гигс во јавноста е познат како брат на фудбалската ѕвезда Рајан Гигс, а поширокиот аудиториум го запозна после скандалот во нивното семејство кога беше откриено дека неговата сорпуга осум години се гледала со неговиот познат брат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рајан и Наташа биле во врска од 2003 до 2011 година поради што имиџот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед беше сериозно нарушен. Семејството сепак му прости, но не и таткото кој се уште има ладен однос кон Рајан поради тоа што му го направи неговиот брат.
Времето и совеста го направија своето, Рајан неколку месеци подоцна му се извини на својот брат поради аферата и јавно кажа дека не размислувал што прави. Сепак, тоа не помогна многу да изградат однос. Родри неодамна за медиумите откри дека не разговара со неговиот брат и остатокот од семејство, но и порача дека Рајан може да ги промени работите на подобро ако го побара и ако почне да прави нешто за нивниот однос, а не само да зборува.
Таа приказна со времето загуби актуелност, но сега повторно е актуелизирана и тоа поради реклмата која ја сними Родри.
Имено, во брилијантна реклама за една обложувалница Родри дава корисни совети за животот, а се што зборува многу потсетува на неговиот брат.
„Јас сум Родри Гигс и сакам да ви зборувам за верност“, е првото што го зборува во рекламата.
„Секогаш во животот бев верен. Секогаш одев во истиот паб и секогаш навивав за репрезентацијата…“, зборува помладиот Гигс.
Всушност погледнете ја рекламата и пораката која ја испраќа до гледачите, а воедно помеѓу редови и до неговиот брат.
https://youtu.be/EQL4tl0U_5o