Дома Фудбал Англија Гигс: Отказот на Мурињо нема да промени ништо

Гигс: Отказот на Мурињо нема да промени ништо

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс уште еднаш му даде поддршка на актуелниот менаџер, Жозе Мурињо.

Според Гигс, Мурињо не треба да добие отказ бидејќи со тоа нема да се промени ситуацијата во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не гледам како евентуална промена на менаџерот во овој момент ќе промени нешто. Сите знаеме колку успешен беше Мурињо изминатите години. Мислам дека ваква стабилност не сме имале неколку години, па затоа треба да го поддржиме. Сепак, сметам дека менаџерот заедно со играчите треба да ги променат резултатите“, изјави Гигс.

„Манчестер Сити и Ливерпул имаат континуитет, па разликата станува се поголема и тоа не е во ред. Сепак, поминати се само 13 кола и сега е време да се вратиме, а за тоа ќе ни бидат потребни 7-8 меча без пораз“, додаде Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Да не беа Намгија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…