Изненади Златан Ибрахимовиќ со одлуката јавно да ги нападе легендарните членови на „класата 92“ во намера да го заштити Пол Погба.
На зборовите на Зидан прв реагираше Рајан Гигс кој беше член на таа голема генерација на Манчестер Јунајтед. Селекторот на Велс ја потсети јавноста, а пред Ибрахимоиќ на успесите кои ги имаа Дејвид Бекам, Гери и Фил Невил, Пол Сколс, Ники Бат и тој со играњето за Манчестер Јунајтед низ годините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во овој момент за Ники (Бат) е поврзан со клубот, а кога знаете дека сите заедно сме одиграле повеќе од 2000 натпревари во дресот на Јунајтед имаме право да го изнесеме своето мислење“, истакна Гигс.
Гигс смета и дека е нормално нивните мислења некогаш да бидат позитивни некогаш негативни.
„Некогаш нашите мислења се позитивни, некогаш негативни, но тие не влијаат на резултатот. Ние сме навивачи на овој клуб. Тоа е суштината на фудбалот, да постои разлика во мислењата. Но, Ибрахимовиќ очигледно знае повеќе за клубот од нас“, иронично изјави Гигс.