Дома Фудбал Останато Гигс застана во одбрана на Бејл по очајниот настап

Гигс застана во одбрана на Бејл по очајниот настап

Герет Бејл вчера во натпреварот против Финска имаше очајна статистика.

Велшанецот беше заменет само после 45 минути откако не направи апсолутно ништо и имаше само девет додавања и десет изгубени топки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 Селекторот Рајан Гигс застана во негова одбрана по натпреварот.

„И пред натпреварот беше планирано да го замениме Бејл после првите 45 минути. Не играше фудбал долго време. Неговата замена немаше врска со играта на теренот.

Бејл по собирот со репрезентацијата изјави дека е убаво да се биде некаде каде што ве ценат, секако алудираше на односот на Реал кон него. Неговиот договор со Реал има важност до 2022 година, но тој е повеќе на трибините отколку на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…