Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ со своите добри игри го привлече вниманието на бројни европски гиганти.
Силен интерес за Миленковиќ уште во летниот преоден рок покажуваат Атлетико Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити, но Фиорентина одолеа на понудите и го задржа Србинот во своите редови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми тврдат дека Фиорентина во последните денови од преодниот рок одбила понуда од 40 милиони евра, а се очекува после оваа сезона неговата цена додатно да порасне.
20-годишниоѕ Миленковиќ минатото лето пристигна во Фиорентина од Партизан за 5 милиони евра и уште во првата сезона во Серија А ја покажа својата класа.
Го споредуваат со легендарниот Јап Стам, а оваа сезона е стандарден и е меѓу најдобрите дефанзивци во Серија А.
Италијанските медиуми се сигурни дека следното лето Миленковиќ ќе биде еден од најбараните фудбалери во Европа.