
Како што пренесуваат одредени германски медиуми, фудбалерот на Борусија би можел да ја напушти татковината и да се пресели во Шпанија.
Марио Геце, своето име го изгради во Борусија Дортумнд, за потоа да премине во редовите големиот ривал Баерн Минхен, а минатото лето се врати во Дортмунд. Сепак, во текот на неговиот втор мандат во дресот на „милионерите“ му беше откриена миопатија, метаболичко пореметување кое влијае на мускулите.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Неодамна беше објавено дека се опоравил и дека се вратил на тренинзите, а сега би можел да ја промени средината.
Имено, за неговите услуги интерес покажа шпанска Севиља.
Севиља оваа сезона се засилува бидејќи наредната сезона ги чекаат предизвиците во Лигата на шампионите, а до сега ги ангажираа Евер Банега од Интер и Џордан Амави од Астон Вила.
Сега, „Санчез Писхуан“ би можел да добие фантастично засилување во средниот ред во ликот на Марио Геце. На Геце потребен му е клуб каде што ќе биде стандарден, за после болеста да се наметне кај селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, пред Мундијалот во Русија.