Maрио Геце стави потпис на нов договор со тимот на ПСВ Ајндховен.
Холандскиот клуб му понуди нов договор на Геце кој беше стрелец за Германија во финалето на Светското првенство во 2014 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Геце потпиша договор до 2024 година и ќе остане дел од тимот на ПСВ кој сака да ја врати титулата после три сезони.
Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Баерн минатата година пристигна во ПСВ како слбооден играч и потпиша договор на две сезона. Сезонава веќе одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и подели три асистенции.