Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Германците шокирани од условите: Па каде ние дојдовме?! (видео)

Германците шокирани од условите: Па каде ние дојдовме?! (видео)

Германските медиуми со неверување ја пренесуваат сликата од Ватутинка, местото во кое живеат 12.000 жители и каде што се наоѓа базата на Германија во текот на Светското првенство.

Пред четири години во Бразил кога Германците го освоија Мундијалот беа сместени во спектакуларен хотел со пет ѕвездички и поглед на океанот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Овој пат немаат таков луксиз. Тропскиот рај го заменија со скромно сместување, толку скромно што германските новинари се прашуваат: „Каде дојдовме?!“.

Селекторот Јоаким Лев хотелот го спореди со спортско училиште, а Тони Крос порача дека можеби изгледа како училште за прот, но дека соиграчите и тој таму стигнале за да и играат спорт.

„Мислам дека се ќе биде во ред. Можеме да поминуваме време со две или три активности кои ни се на располагање. Тоа е апсолутно во ред и нормално ако имаме поголема желба за одмор“, изјави Крос и со својата изјава го насмеа соиграчот Жером Боатенг.

„Луксуз – 0 бодови. Овде се изглед така тмурно“, опишуваат германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да ја напуштат Барселона, а спортски…