Дома Трансфер зона Германското чудо од дете го бараа гиганти, а тој го избра Кристал Палас

Германското чудо од дете го бараа гиганти, а тој го избра Кристал Палас

Макс Мејер се смета за еден од најдобрите млади играчи во Европа, а ова лето остана без клуб, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со Шалке.

Така „Рударите“ продолжуваат со неславната пракса на ослободување на играчи без надомест, а можеа да заработат за германскиот репрезентативец многу. Мејер беше одличен и во дресот на Гелзенкирхен пред две години, беше мета на Арсенал, Ливерпул, Баерн, па дури и Барса.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, изгледа дека од тоа нема да има ништо, бидејќи англиските медиуми објавуваат дека ќе пристигне во Кристал Палас. „Guardian“ пишува дека преговорите се во близина на крајот и дека играчот уште во четврток ќе потпише договор со „Орлите“.

Ова би било огромно засилување за тимот од Лондон доколку 22-годишниот Мејер повторно ги покаже игрите кои го одведоа во репрезентацијата на Германија со само 19 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…