Дома Останати Германска пресметка за четвртфинале во машката ракометна Лига на шампионите

Германска пресметка за четвртфинале во машката ракометна Лига на шампионите

Со германската пресметка меѓу Рајн-Некар и Кил, вечерва од 19 часот во Манхајм, ќе започнат возвратните натпревари од осминафиналната рунда во машката ракометна Лига на шампиони.

Домашниот тим, покрај поддршката од публиката, реванш натпреварот против Кил ќе го започне и со предност од еден гол, откако на првиот меч во Келн, ракометарите на Рајн-Некар забележаа победа со 25:24.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот ќе го судат најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против Барселона, која како и македонскиот шампион Вардар го освои првото место во групата, а со тоа обезбеди и директен пласман во четвртфиналето.

Останатите реванш осминафинални натпревари ќе се играат претстојниот викенд, а двојките и термините се:

Сабота (1 април):
17:00 часот ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар),
17:30 Веспрем – ППД Загреб (23:22).

Недела (2 април):
17:00 ПИК Сегед – Силкеборг (26:24),
18:00 Киелце – Монпеље (28:33),
19:30 Фленсбург – Мешков Брест (26:25).

Вардар за противник во четвртфиналето ќе го добие победникот од пресметката меѓу Фленсбург и Мешков Брест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…