После шест години германската легенда би можела да пронајде нов тренерски ангажман.
Лотар Матеус наскоро би можел да стане селектор на репрезентацијата на Косово, пренесуваат косовоските и германските медиуми. На таа фунакција, Матеус би го заменил Алберт Буњаку кој замина по завршувањето на квалификациите за Светското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што наведува „Газета Експрес“, Матеус се сретнал со претседателот на косовскиот сојуз, Фадиљ Вокри веднаш по доделувањето на ФИФА наградите во Лондон.
Германската легенда веќе шест години е без ангажман, а последен пат ја водеше репрезентацијата на Бугарија.
Претходно беше тренер на Рапид Виена каде и што ја започна кариерата, потоа го предводеше Партизан со кој се избори за настап во Лигата на шампионите, по што следуваа кратки авантури во Унгарија, Атлетико Параненсе, Салзбург и Макаби Нетања.
Многу поголем успех имаше како играч кога со репрезентацијата на Германија стигна до освојувањето на титулата светски и европски шампион.