Дома Фудбал Останато Германија и Турција единствени кандидати за ЕП 2024

Германија и Турција единствени кандидати за ЕП 2024

Германија и Турција се единствените кандидати за домаќини на Европското фудбалско првенство 2024 година, соопшти УЕФА.

„Примивме само две целосни кандидатури, но Извршниот одбор на УЕФА ќе има тешка задача да го избере домаќинот во септември 2018 година“, рече генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кон крајот на февруари Данска, Шведска, Норвешка и Финска, кои подготвуваа заедничка скандинавска кандидатура, објавија дека се повлекуваат од трката.

ЕП 2024 ќе се одржи на 9 или 10 стадиони, од кои барем два мора да бидат со капацитет над 50.000 гледачи, а еден над 60.000 гледачи, додека ниту еден град не може да биде домаќин ако има стадион со помал капацитет од 30.000 седишта.

Турција никогаш не била домаќин на ЕП, додека Германија беше домаќин во 1988 година, но и на Светското првенство во 2006 година.

Минатото ЕП се играше во Франција, а следното во 2020 година ќе се игра во повеќе европски градови, додека полуфиналето и финалето ќе се играат на Вембли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…