Гери Невил му поставуваше интересни прашања на стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите доживеа пораз од Пари Сен Жермен со 2:0 на „Олд Трафорд“, но потоа на „Паркот на принцовите“ во Франција победи со 3:1 и на тој начин обезбедија место во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Колку долг сакаш да биде твојот договор? Колкава плата сакаш? Каде би сакал да биде поставена твојата статуа?, гласеа трите прашања кој на почетокот на разговорот Невил му ги постави на Солскјер.
What have you just done ! ?
— Gary Neville (@GNev2) March 6, 2019
Солскјер се насме после што Невил му кажа: Тие сега имаат една одлука да донесат, зарем не?“.
Договорот на Солскјер е тема која веќе шест месеци се наоѓа во британската фудбалска јавност. Норвежанецот привремено ја превзема екипата откако Жозе Мурињо беше отпуштен.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го скандираа неговото име во соблекувалната, а им се придружил и еден од сопствениците на клубот Аврам Блејзер, легендарниот Алекс Фергусон и поранешен играч и голема ѕвезда Ерик Кантона.
Фудбалерите на славниот клуб биле едногласни дека Солскјер треба да биде трајно решение.