Дома Фудбал Англија Герет Бери испиша историја во Премиер лигата

Герет Бери испиша историја во Премиер лигата

Герет Бери испиша нова страница во историјата на Премиер лигата откако на натпреварот со Арсенал го собори рекородот на Рајан Гигс според бројот на настапи во најсилното англиско првенство.

Бери, кој моментално настапува за ВБА, против Арсенал го одигра 633-от натпревар во Премиер лигата, со што стана апсолутен рекордер.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


36-годишниот Бери ја игра својата јубилејна 20-та сезона во Премиер лигата, а до рекордната бројка настапи стигна како играч на Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и Вест Бромвич Албион.

Во Премер лигата дебитираше во 1998 година во дресот на Астон Вила. Тој е првиот фудбалер во историјата кој најмалку 600 натпревари започнал во стартната постава.

Исто така е фудбалер со најмногу жолти картони во историјата (119), а само уште една легенда има троцифрен број јавни опомени, Вејн Руни (100).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стигнаа големи вести од Олд Трафорд – Рубен Аморим си заминува!

Се очекуваше, кога Рубен Аморим пристигна во Манчестер Јунајтед, дека клубот ќе игра подоб…