Партнерката на Кристиано Роналдо, Георгина Родригез за италијанскиот магазин „Грација“ зборуваше за денот кога се запознала со Португалецот.
Од порано е познато дека Роналдо и Георгина се запознале во една од продавниците на Гучи во Мадрид каде што работела Георгина. Роналдо тогаш играше за Реал Мадрид. Георгина опиша како се чуствувала во тие моменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се тресев пред него, тогаш се појави искра. Јас сум инаку срамежлива и тоа можеби ме вознемири, дури и пред личноста која длабоко ме допре со само еден поглед. Подоцна, начинот на кој Кристиано ме третираше, ме сакаше и се грижеше за мене придонесе да го засакам уште повеќе. Тој е единствениот кој може да ме воодушеви во текот на натпреварот. Среќна сум што живеам покрај најдобриот фудбалер на сите времиња. Тој нема ривали“
„Нашиот живот се основа на преданост и целосен фокус на она што го работиме. Водиме здрав и организиран живот. Сакам моите деца да станат протагоности на посебен живот. Кристиано и јас сакаме да им го пружиме најдоброто. Ги учиме да бидат разумни и никогаш да не го изгубат контактот со реалноста“, изјави Георгина.
Роналдо и Георгина се заедно три ипол години, а парот се вери во 2018 година.