Вардар денес беше поразен од ПИК Сегед со 26:28.
По натпреварот на прес-конференцијата за медиумите зборуваше Гоце Георгиевски. Вардар беше одличен, но попушти во последните десетина минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Честитки до ПИК Сегед. Ова беше еден тежок натпревар. Бевме добри, посебно во првиот дел. Одбраната и нападот функционираа добро. Во вториот дел противникот беа подобри, а во последните 10 минути ние промашивме неколку шутеви и ја изгубивме концентрацијата, така им овзможивме да дојдат до победата. Таков е спортот, не чека нов натпревар за неколку дена и веруваме дека ќе победиме“, изјави Георгиевски.
Вардар одигра седум натпревари во Лигата на шампионите, а ова беше петти пораз за црвено-црните. На 18 февруари Вардар ќе игра против ПИК Сегед на гости во Унгарија.