Вардар утре на гостински терен го игра натпреварот против Нексе во рамките од СЕХА лигата.
Гоце Георгиевски порача дека Нексе е тим кој добро го познаваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не очекува добро познат противник против кого сме играле многупати досега. Ни следува период после ЕХФ неделата и настап во репрезентацијаи и ни недостасуваат некои играчи. Веднаш патуваме, во среда играме. Немаме многу време. Го анализиравме тој меч што го игравме во февруари. Сигурно ќе биде тешко. Ниту еден меч со Нексе не е лесен. Ќе одиме на победа, зошто сакаме и подобро да бидеме пласирани на табелата. Нексе има нов тренер, малку имаат сменето во играта, во одбрана и напад, но горе – доле тоа е истата екипа“, изјави Герогиевски.
Натпреварот помеѓу Нексе и Вардар се игра утре од 17:00 часот.