Дома Фудбал Останато Генијалци и фудбалери: Лукаку зборува пет јазици, Лампард натпросечно интелигентен…

Генијалци и фудбалери: Лукаку зборува пет јазици, Лампард натпросечно интелигентен…

footbalers

Добар дел од фудбалерите се откажаа од образувањето поради кариерата, но не сите, некои од нив се навистина успешни и на ова поле.

Некои фудбалери имаат дипломи од медицината, економијата, некои по занимавање се новинари, па тренинзите не им беа изговор да не завршат факултет.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Поради стереотипот дека фудбалерите се луѓе кои само трчаат по топка, жени и пари не е баш на место. Барем не во случајот на овие неколкумина фудбалери.

Добар пример е бразилската легенда Сократес кој е доктор по медицина, но и денес има образовани и интелигенти фудбалери кои имаат поинакви планови по завршувањето на креирата.

Хуан Мата од Манчестер Јунајтед студираше новинарство на универзитетот „Политехника“ во Мадрид.

Андреј Аршавин доколку не бил фудбалер веројатно би се занимавал со модата, Аршавин дипломирал на Државниот универзитет за технологија и дизајн во Санк Петерзбург. Ова тој го искористил да стартува линија на сопствена облека во Русија.

Френк Лампард кој во овој момент се подготвува за својата прва работа како тренер решавал тест на интелегенција во „Менса“ и неговиот коефициент на интелегенција изнесувал над 150, па според ова можеме да веруваме дека би имал и успешна тренерска кариера.

Дефанзивецот на Јувентус, Џиорџо Киелини дипломирам бизнис и екоминија на универзитетот во Торино.

Ромелу Лукаку не е само корпулентен напаѓач кој е страв и трепет за противничките одбрани. Овој фудбалер зборува пет јазици, англиски, шпански, холандски, француски и португалски. Покрај тоа поседува и диплома за работа со туризам и односи со јавноста.

Секако, ова се само неколку примери, сигурно дека постојат уште многу фудбалери кои се способни и за нешто друго освен т.н „трчање по топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …