Дома Топ вести Гвардиол се сели на Островот и станува најскап дефанзивец во историјата

Гвардиол се сели на Островот и станува најскап дефанзивец во историјата

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол.

Хрватскиот репрезентативец на Мундијалот се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.

„Сините“ планираат да го договорат Гвардиол за ова лето затоа што од 2024 година откупната клаузула ќе му биде 107 милиони евра.

Според англиските медиуми, Челзи спремаат понуда од 90 милиони евра за Хрватот, па така ќе го соборат рекордот на Хари Мегваер за најскап дефанзивец на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…