Дома Трансфер зона Гвардиол потврди дека сака во Челзи заедно со Нкунку

Гвардиол потврди дека сака во Челзи заедно со Нкунку

Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол призна дека би сакал кариерата да ја продолжи во Челзи.

Во интервју за „Тајмс“ тој потврди дека постојано разговара со Нкунку и би бил среќен заедно со него да пристигне на „Стенфорд Бриџ“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а Челзи се обиде да го купи уште во јануари.

„Јасно е дека Нкунку ќе се пресели во Челзи. Немам видено играч како него, тој е неверојатен. Секогаш разговарам со него и му кажувам дека би сакал да одам со него и повторно да играме заедно“, изјави Гвардиол.

„Во јануари раководството ми кажа дека има потреба од мене и не ми беше проблем да останам во Лајпциг. Но, агентот ме информира дека постои интерес од Челзи за мене“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…