Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол е еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер пазарот и голем број клубови сакаат да го доведат во своите редови.




Последните информации кои пристигнуваат од Германија е дека во неговиот договор со Лајпциг има откупна клазула која изнесува 110 милиони евра, сепак таа клазула не може да се активира пред 2024 година.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Гвардиол одигра одлично Светско првенство и го привлече вниманието и на сите им е јасно дека Лајпциг добро ќе заработи од неговиот трансфер.




Неодамна тој стави потпис на договор до 2027 година и во него имало откупна клазула која се активира во 2024 година и изнесува 110 милиони евра.




По овие информации нема да биде изненадување ако Гвардиол наскоро стане најскап дефанзивец во светот.



