Дома Фудбал Англија Гвардиола јасен: Со оглед колку пари добиваат, моите фудбалери мора многу да трчаат!

Гвардиола јасен: Со оглед колку пари добиваат, моите фудбалери мора многу да трчаат!

Манчестер Сити вчера го победи Бормут со 1:4, но Пеп Гвардиола не беше во целост задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери.

Шпанскиот стратег испрати јасна порака до своите фудбалери дека мора да се залагаат до последната минута од натпреварот без разлика каков е резултатот на натпреварот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Повеќе пати сум им кажал на фудбалерите, дека ќе имаат проблем ако не ме слушаат. Со оглед на тоа колку пари земаат, мора многу да трчаат од почеток до крај. Со нивната заработка мора да играат 100% и кога водиме со 3:0 или 5:0…,

Има луѓе кои патуваат со часови да дојдат на нашите натпревари и да го гледаат најдоброто нив. Тие луѓе кои дошле на стадионот заслужуваат почит на најдобар можен начин“, изјави Гвардиола.

Во следното коло од Премиер лигата Манчестер Сити го чека потежок предизвик во натпреварот против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…